
Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, се повреди по 18. пат откако во 2019 година дојде во редовите на мадридскиот клуб како голема ѕвезда од Челси.
Реал во пресрет на натпреварот со Мајорка кој го загуби со 1-0 се огласи со кратко соопштение во врска со повредата на Азар.
„По денешните тестови во медицинскиот центар на Реал, на Еден Азар му беше дијагностицирана пателарна тендинопатија на левото колено и ќе биде под натамошна опсервација“, се вели во соопштението на Реал.
Азар беше еден од најдобрите играчи на Челси, на 352 меча за „сините“ постигна 110 гола со 92 асистенции.
Сепак, во Шпанија сѐ се промени, а тој беше доведен како големо засилување.
На 73 натпревари во овие четири години тој постигна само седум гола со 11 асистенции.
Неговиот медицински картон изобилува со повреди од различни типови, а оваа сезона на седум натпревари во сите натпреварувања постигна еден гол.
Неговиот договор истекува во 2024 година и се верува дека би можел да му се придружи на Кристијано Роналдо во Ал-Наср.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
