Денеска е легенда. Најдобриот во историјата на македонскиот фудбал, предводник на „златната генерација“ за која самиот тврдеше уште пред три години дека е најдобрата со која играл во дресот на Македонија. Горан Пандев денеска слави неверојатен јубилеј, 20 години од дебито во националниот тим и се уште е капитен.
Пандев дебито во дресот на сениорскиот тим на Македонија го имаше на 6 јуни во далечната 2001 година, кога како фудбалер на Беласица беше повикан во А-тимот со само 17 години, 10 месеци и 10 дена. Дебитираше против Турција (3-3) во Бурса, а влезе како резерва во второто полувреме. Легендата трае цели две децении.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













