Connect with us

Два премиерлигаши ќе имаат предност во трката за Влаховиќ

Премиерлигашкото дуо, Манчестер Сити и Ливерпул, се очекува да имаат предност во трката за потписот на Душан Влаховиќ во зимскиот преоден рок.

Половина Европа е заинтересирана за напаѓачот на Фиорентина и се поизвесна е опцијата за негова можна продажба во јануари. Доколку Србинот си замине во јануари, Ливерпул и Манчестер Сити ќе имаат очигледна предност поради нивната одлична финансиска состојба, тврдат италијанските медиуми.

Се смета дека само тие ќе можат да ја платат сумата што ја сакаат “виолетовите”. Јувентус е заинтересиран, но нема да може да си го дозволи трансферот. Во Италија се спомнуваат и Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, но наводно, ниту тие се спремни да ја платат високата сума.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови