Connect with us

Два гола во финишот и реми на дуелот меѓу Борнмут и Вест Хем (ВИДЕО)

Борнмут и Вест Хем ремизираа 1-1 во последниот натпревар од тековното коло во Премиер – лигата. Долго време двете екипи се трудеа да дојдат до водство, а потоа два гола беа постигнати за три минути во финишот од дуелот.

Лукас Пакета во 87.минута погоди од пенал во 87.минута од мечот за водство на Вест Хем.

Сепак, Борнмут не се предаде. Енес Унал успеа да израмни во 90.минута со одлично изведен слободен удар и конечно го совлада Лукаш Фабијански, кој бранеше одлично на голот на Вест Хем на овој дуел.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови