Mакедонскиот репрезентативец Енис Барди игра во извонредна форма во финишот на сезоната во Ла Лига. Својот јубилеен 100-ти настап во дресот на Леванте во шпанската Ла Лига го крунисува и со втор гол на гостувањето против Селта Виго.
Најпрво уште во 11. минута го доведе Леванте до предност од 0-1…
Но, веќе во 28. минута го постигна и вториот гол за Леванте за водство од 0-2 во тие моменти. Сепак, до полувремето домашните стигнаа до 2-2.
Со овие два гола Барди стигна до седум погодоци сезонава за Леванте и вкупно 19 за тимот од Валенсија во најсилната шпанска лига, со што се издвои како најдобар стрелец странец во историјата на клубот и на третото место воопшто во историјата меѓу најдобрите стрелци на Леванте.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички













