
Албанските прволигаши Партизани и Кукс влегуваат во трка за ангажман на Ферхан Хасани, како сериозна конкуренција за Шкендија во обид да го врати назад својот поранешен капитен. Тетовци разговараат со Хасани за негов евентуален камбек, но проблем претставува скокањето на цената откако Партизани и Кукс исто така стартуваа преговори за да го ангажираат македонскиот репрезентативец во својот табор.
Албанските медиуми објавија дека понудата на двата клуба изнесува 120.000 евра, за договор до крајот на сезонава и можност за негово продолжување. Хасани се уште тактизира, па се очекува сумата уште повеќе да порасне, со што би се замрсиле сметките на Шкендија во обидот да го врати „Буба“ во Тетово. Тој моментно е без ангажман и со евентуален потпис би можел веднаш да почне да настапува за новиот клуб, без да чека да биде отворен јануарскиот преоден рок.
Последен клуб на Хасани беше Ал Раен во Саудиска Арабија, а македонскиот репрезентативец во кариерата има настапувано и за Волфсбург и Брондби.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal