
Струга Трим Лум оствари нов голем успех, откако го победи Будуќност на гости (3-4) и се пласира во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Блескаше Марјан Радески кој постигна хет-трик, а во следното коло стружани ќе играат против Есперанж од Луксембург.
Тренерот Шпетим Дуро вели дека неговиот тим испишал нова клупска историја.
„Ова е историска победа, можам да кажам и дека цела оваа сезона е историска за Струга Трим Лум, откако станавме шампиони, игравме во финалето на Купот, но во исто време да поминеме и коло во европските натпреварувања. Мислам дека се тоа историски подвизи, уште повеќе што се работи за скромна екипа, каква што сме ние во овој случај“, изјави тренерот Шпетим Дуро по триумфот во Подгорица.
Тој го анализираше и мечот против Будуќност.
„Беше тежок натпревар, како што очекувавме. Натпреварот започна лошо за нас, бидејќи примивме гол во раната фаза, но тимот најде сила, израмнувајќи многу брзо, а потоа го свртевме резултатот во своја корист. Во моментите кога мислевме дека ќе ни биде полесно во вториот дел, во последните секунди од првото полувреме го примивме израмнувачкиот гол, овој гол создаде притисок кај нас и донесе нов мотив кај противникот. Но, имајќи во тимот играчи од калибарот на Бесарт Ибраими, Марјан Радески, Буњамин Шабани, Бесмир Бојку, играчи кои имаат исклучителни вредности, вистински професионалци кои ја носат главната тежина на тимот, се покажа дека второто полувреме исто така ќе биде во наша корист. Загрижен сум за повредата на Ментор Мазрекај, но важно е што на крајот остваривме голема победа“, истакна тренерот на Струга Трим Лум.
Следниот противник на македонскиот првак во третото квалификациско коло од Конференциската лига ќе биде Есперанж од Луксембург.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
