Шампионот Струга Трим Лум доживеа изненадувачки пораз (2-3) од Силекс на домашен терен и ја загуби бодовната предност во однос на Шкупи. „Киксот“ на стружани го искористи и Шкендија која сега комплетно се врати во трката за титулата и заостанува три бода зад конкурентите.
Тренерот Шпетим Дуро за поразот ја обвини дефанзивната линија која не функционираше како што треба.
„Елементарни грешки, би рекол, на одбранбените позиции. Значи од два гола предност, да се изгуби натпреварот, мислам дека целата вина е на последната линија. Нападот и на овој натпревар беше на вистинско ниво, што доведе до резултат 2-0. Но, ова нека биде добра лекција за овие преостанати натпревари и да не дозволиме да ни се случи такво нешто кога ја имаме победата в џеб“, изјави тренерот Шпетим Дуро.
Следниот натпревар за Струга ТЛ е веќе в среда кога тимот гостува во Кавадарци и ќе се сретне со Тиквеш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













