Connect with us

Драма во Атина: Вида со гол во 100.минута го исфрли Динамо од Лигата на шампионите

Хрватскиот првак Динамо Загреб беше толку блиску до пласман во плеј-офот за ЛШ, но прими два гола во судиското продолжение и на крајот со реми (2-2) е елиминиран од АЕК, откако првиот меч во Загре заврши со резултат 1-2 за грчкиот тим.

Динамо Загреб имаше водство од 0-2 на реваншот и беше на прагот на пласман понатаму, со головите на Шутало и на Љубичиќ.

Сепак, АЕК фрли сѐ на една карта, тргна во напад, по што Араухо во 92.минута намали на 1-2, а во 99.минута беше досуден пенал за грчкиот тим.

Ливаковиќ го одрани шутот од 11 метри, но топката се одби кај хрватскиот интернационалец Домагој Вида, кој во 100.минута ја затресе мрежата на својот поранешен клуб и го елиминира од ЛШ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови