
Бенфика убедливо се пласираше во Лигата на шампионите по двомечот против Динамо Киев, а сега сака дополнително да ги засили своите редови за групната фаза.
Германскиот тренер на клупата на португалскиот гигант, Роџер Шмит, сака да го донесе сонародникот кој во последните пет години настапуваше за ПСЖ. Џулијан Дракслер треба да дојде во Лисабон до крајот на преодниот рок.
Германецот за ПСЖ одигра 198 натпревари и постигна 26 гола, но не е во преден план по доаѓањето на новиот спортски директор и тренер.
Дракслер за германската репрезентација одигра 58 натпревари и постигна седум гола. Беше член на селекцијата која го освои Светското првенство во 2014 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
