Работнички загуби со 0-2 од Шкендија на вториот пријателски натпревар за време на подготовките во Охрид.
Шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ вели дека поразите секако не оставаат рамнодушен никого во тимот, но сепак во моментов резултатите апсолутно се во втора план наспротив желбата за максимална тактичка подготовка пред стартот на сезоната.
„Вчерашната победа на Шкендија беше сосема заслужена. Нам во моментов не ни се важни резултатите, туку играта и се останато околу тактиката. Секако дека на пораз нема да останеме рамнодушни, но сепак игравме против сериозен ривал кој има највисоки амбиции. Важно е што играчите се добро подготвени, повредите за сега не одбегнуваат и чекориме по зацртаниот план кој го имаме“ – вели Достаниќ во изјава за официјалната интернет страница на клубот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













