Работнички од вчера е на подготовки во Охрид и веќе одигра пријателски натпревар против новиот прволигаш Пелистер. Славеше тимот на Ратко Достаниќ со 2-0, а шефот на стручниот штаб е среќен што Работнички повторно игра натпревари по долгата пауза поради пандемијата на коронавирусот и прекинот на минатото првенство. Вели дека екипата ќе мора многу да работи за да го врати потребниот натпреварувачки ритам.
„Среќен сум што повторно се вративме на теренот и одигравме натпревар после пауза од шест месеци. Ќе биде многу тешко да го вратиме натпреварувачкиот ритам кој го имавме на стартот од минатата полусезона. Мора да работиме, да тренираме жестоко и низ вакви квалитетни тест натпревари да ја доведеме формата на највисоко ниво“, вели шефот на стручниот штаб, Ратко Достаниќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













