По пауза од пет месеци, повторно фудбал. На стартот на новата сезона во Првата лига, Работнички го очекува гостување во Ѓорче Петров и дуел со Македонија ЃП. Тренерот Ратко Достаниќ вели дека тимот е подготвен иако се чувствуваат одредени последици од долгата пауза поради пандемијата со коронавирусот. Сепак, тоа е болка која ја имаат сите прволигашки екипи во пресрет на почетокот на новиот шампионат.
„Подготвени сме, а првиот официјален натпревар од новото првенство секако ќе покаже каде ќе треба да посветиме уште повеќе внимание. Фокусот е јасен, Работнички секогаш има големи цели и ние сме тука максимално да се трудиме да ги оствариме. Имаме структурни промени во тимот, си заминаа неколку важни играчи од минатата сезона, но мислам дека добро ги пополнивме позициите, освен можеби уште едно засилување за нападот. Но, првенството почнува, не очекува тешко гостување во Ѓорче Петров против еден компактен и искусен состав на Македонија ЃП. Одиме со позитивни мисли, да се надигруваме и да оствариме позитивен резултат“, вели шефот на стручниот штаб на Работнички, Ратко Достаниќ.
ПМФЛ – 1. КОЛО (денеска, 17:30 ч.)
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
Скопје: МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – РАБОТНИЧКИ
Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС
Битола: ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ
ВЧЕРА
Скопје: ВАРДАР – БОРЕЦ 0-1
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













