
Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт официјално го објави потписот на играчот од средниот ред Дони ван де Бек на позајмица од Манчестер Јунајтед.
26-годишниот Холанѓанец ќе игра до крајот на сезоната во клубот од Бундес-лигата.
Од Ајнтрахт ќе имаат можност на лето комплетно да го откупат Ван де Бек за 11 милиони евра, а зделката вклучува и уште 3 милиони евра во вид на можни бонуси. Сепак, оваа опција не е задолжителна за Германците, кои сега ќе плаќаат мала сума на Манчестер Јунајтед за изнајмување на играчот.
Холандскиот играч за врска пристигна на „Олд Трафорд“ од Ајакс за 40 милиони фунти, но никогаш не успеа да се наметне во тимот. На 62 натпревари за „црвените ѓаволи“ постигна само два гола и имаше две асистенции.
Во својот нов тим Ван де Бек ќе го носи дресот со број „25“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal