
Дони ван де Бек ќе го напушти Манчестер Јунајтед во јануари доколку Оле Гунар Солскјаер остане на тренерската позиција. Играчот од средниот ред оваа сезона се појави само на еден натпревар во Премиер – лигата и е чесно е занемарен од страна на норвешниот стратег.
Ван де Бек е меѓу играчите во кои Солскјер нема многу доверба и тој ќе си замине доколку Норвежанецот се уште е на чело на клубот за време на зимскиот преоден рок, откри новинарот Фабрицио Романо. Холандскиот фудбалер неодамна смени агент и сега е застапуван од Али Дурсун, човекот кој му обезбеди трансфер на неговиот поранешен соиграч, Френки де Јонг во Барселона.
Многумина сметаа дека Солскјер ќе биде ослободен од своите должности по неверојатно срамниот пораз од 5-0 од лутиот ривал Ливерпул минатата недела. Но, тој ќе продолжи да го води клубот барем до натпреварот со Тотенхем овој викенд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди

Евро-фудбал
Барселона подготви нов договор за Френки де Јонг

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
