Connect with us

Донарума се враќа во Италија?

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума би можел да се врати во Италија по завршувањето на сезоната. Тој се најде на столбот на срамот во Франција откако „кумуваше“ во поразот на ПСЖ од Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во реваншот од Лигата на шампионите.


ПСЖ беше во поволна позиција се до половина час пред крајот, имаше два гола предност, но потоа Карим Бензема постигна хет-трик за елиминација на францускиот тим. Токму Донарума направи голема грешка за првиот гол на Бензема, иако можеби имаше и фаул над него кој не беше санкциониран.

Денешното издание на престижниот „Газета дело Спорт“ испрати порака до поранешниот капитен на Милан.
„Дојди си дома, Џиџо!“, гласи насловната страница на најпознатиот италијански спортски весник, облечен како Мона Лиза, која своевремено од Италија беше преместена во Франција, а потоа настана скандал во обидот да се врати на „чизмата“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови