Синоќа на спектакуларен начин заврши групната фаза од Лигата на шампионите, а денес ги сумираме впечатоците и ја чекаме ждрепката во понеделник, која сигурно ќе ни донесе неколку одлични двојки веќе во осминафиналето.
Групната фаза оваа сезопна ќе биде запаметена по многу работи, а најмногу по невидениот исход од групата Х во која Бенфика го освои првото место пред Пари Сен Жермен поради повеќе дадени голови на гости во три натпревари. Тие две екипи имаа ист број бодови, ист меѓусебен скор, иста гол – разлика и ист број на примени и дадени голови.
Карло Анчелоти го надмина Алекс Фергусон, а во историјата се впишува уште еден параметар од оваа групна фаза, кој го напишаа италијанските тренери. Пет од нив успеаја да ги одведат своите клубови во нокаут фазата, па Италија за првпат во историјата ќе има дури пет стручњаци во осминафиналето.
Тоа се Карло Анчелоти од Реал Мадрид, Лучијано Спалети од Наполи, Симоне Инзаги од Интер, Стефано Пиоли од Милан и Антонио Конте од Тотенхем.
Можеше да има шест ако Масимилијано Алегри и неговиот Јувентус не потфрлеа во групата Х, во која освоија само три бода, па натпреварувањето ќе го продолжат во Лига Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal