Баер Леверкузен ќе биде без дефанзивецот Артур во наредните три месеци. На дефанзивецот на „фармацевтите“ му е потребна операција поради повреда на мускулот, потврдија во вторникот од бундеслигашот.
20-годишниот дефанзивец заработи повреда на тетивата на десната нога на тренинг во понеделникот. Се очекува Артур да биде опериран следната недела.
Во септември, дефанзивецот се бореше со слична повреда заработена за време на кампот со репрезентацијата на Бразил до 23 години.
Артур му се приклучи на Баер Леверкузен од Бело Хоризонте во текот на летото и досега играше само на два првенствени натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













