
Светот, а особено навивачите на Меси се во шок, Лео не е во конкуренција за „Златната топка“. Рекордерот по бројот на награди го нема на листата за првпат по 2005 година.
„Франс Фудбал“ преку новинарот Емануел Бојан, еден од членовите на жирито, објасни зошто Меси го нема на списокот.
„Новиот критериум е сезоната, а не календарската година, така што трофејот на Копа Америка во јули не е во конкуренција. А кога ќе ја погледнете неговата прва година во Париз, таа беше разочарувачка“.
Има објаснување и зошто Роналдо е на списокот во Топ 30.
„Оваа сезона стана најдобар стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал, го одвлече Манчестер во осминафиналето на Лигата на шампионите, пресметавме дека тоа му донесе седум бода. Тој исто така постигна 18 гола во Премиер – лигата, кога ќе погледнете 32 гола на 49 меча не е на нивото на неговите најдобри години, но доволно е за влез во Топ 30“, тврди овој новинар.
НОМИНИРАНИ ВО ТОП 30
Тибо Куртоа (Реал Мадрид)
Карим Бензема (Реал Мадрид)
Винисиус Жуниор (Реал мадрид)
Лука Модриќ (Реал Мадрид)
Кашемиро (Реал Мадрид)
Антонио Рудигер (Реал Мадрид/Челси)
Мајк Мењан (Милан)
Рафаел Леао (Милан)
Кристофер Нкунку (Лајпциг)
Мохамед Салах (Ливерпул)
Лиус Дијаз (Ливерпул)
Фабињо (Ливерпул)
Вирџил ван Дајк (Ливерпул)
Трент Александер-Арнолд (Ливерпул)
Дарвин Нуњез (Ливерпул/Бенфика)
Садио Мане (Баерн М/Ливерпул)
Џошуа Кимих (Баерн Минхен)
Роберт Левандовски (Барселона/Баерн М.)
Бернардо Силва (Манчестер сити)
Ријад Махрез (Манчестер сити)
Фил Фоден (Манчестер сити)
Кевин де Бруин (Манчестер сити)
Жоао Кансело (Манчестер сити)
Ерлинг Халанд (Манчестер сити/Борусија Д.)
Хјонг-Мин Сон (Тотенхем)
Хари Кејн (Тотенхем)
Себасијан Але (Борусија Д./Ајакс)
Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед)
Душан Влаховиќ (Јувентус)
Килијан Мбапе (ПСЖ)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
