
Фудбалерите на Брегалница по одличното издание против Шкупи и убедливата победа од 4-1, денеска гостуваат во Струга и се силно мотивирани за нов позитивен резултат во 31. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Крилниот офанзивец Дарко Додев кој одигра квалитетен натпревар против чаирчани посакува тимот да продолжи со добри игри.
„Одигравме одлично против Шкупи за впечатлива победа против шампионот, што само го потврдува нашиот квалитет. Сега сакаме да продолжиме во ист стил, желни за нови победи. Јасно е дека не чека квалитетен противник како Струга ТЛ кој игра одлично на домашен терен. Верувам дека ќе биде тоа допадлив натпревар без некое психолошко оптоварување за двете екипи, но ние секако сакаме триумф за уште една радост на нашите навивачи“ – вели Додев.
Новиот шампион Шкупи загуби од Брегалница во Штип, а денеска ја пречекува Македонија ЃП на Чаир. „Лавовите“ се дел од битката за излез во Европа, а во фокусот ќе биде и директната пресметка во Струмица меѓу Академија Пандев и Шкендија.
Струга Трим Лум на домашен терен ја пречекува Брегалница, а Тикеш е домаќин на Ренова.
Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ ќе игра против Борец, додека Скопје и Пелистер ќе се сретнат на „Автокоманда“.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО (17 ЧАСОТ)
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА
РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА
ТИКВЕШ – РЕНОВА
СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
