Поранешниот селектор на младата репрезентација на Македонија, Добринко Илиевски – Пижон е именуван за нов тренер на второлигашот Кит Го од Пехчево.
По оставката на Трајче Сенев, раководството на Кит Го се одлучи да донесе звучно фудбалско име како нов предводник на тимот во желбата за дополнителна консолидација на првиот тим и поставување здрави основи за иднината на клубот.
„Се одлучивме да ангажираме млад но веќе докажан фудбалски стратег со сериозно искуство на домашната фудбалска сцена. Верувам дека со ангажманот на Илиевски, Кит Го ќе означи еден вид нов почеток преку кој на долг рок посакуваме поставување на здрави основи на првиот тим. Кит Го продолжува и натаму со инвестицијата за спортско заживување на овој регион од Македонија и во таа насока е и договорот со звучно домашно фудбалско име кое веруваме дека ќе донесе свежина во нашето функционирање“ – вели сопственикот на ФК Кит Го, Кирил Гогов.
Како дополнително засилување на стручниот штаб се вклучува и Александар Танчевски, а по заминувањето на Трајче Сенев, од функцијата спортски директор во клубот се повлече и Никола Кузманов.
Добринко Илиевски – Пижон во својата тренерска кариера, покрај на репрезентацијата до 21 година, беше селектор и на репрезентациите до 17 и до 18 година. Последна негова функција е селекторската на националниот тим до 15 години од каде од денеска се сели во пехчевски Кит Го. Во минатото беше шеф на стручниот штаб на Брегалница и Тетекс, а беше прв асистент на Илчо Ѓорѓиоски на клупата на Македонија ЃП и Вардар во периодот од 2009 до 2012 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













