
Белгискиот фудбалер Дивок Ориги би можел по неполни осум години да го напушти Ливерпул и да го засили Фенербахче кој му понудил извонредна плата, тврдат турски и англиски медиуми.
Ориги во последните години беше во втор план кај Јирген Клоп, иако имаше значајна улога во освојувањето на Лигата на шампионите пред две и пол години, кога постигна важни голови против Барселона и против Тотенхем.
Ориги двапати беше на позајмица од Ливерпул. Прво во Лил, веќе во првата сезона по пристигнувањето на „Енфилд“, а потоа и во Волфсбург. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната.
Месут Озил од Арсенал минатиот јануари се пресели во Фенербахче, а ова би бил нов голем трансфер од Премиер – лигата во Турција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
