
Фенербахче замина во Русија на подготвителен турнир, а контроверзната одлука на турскиот гигант остро ја осуди Динамо Киев. Познатиот украински клуб на својот сајт објави соопштение во кое потенцира дека сега има крв на рацете на Фенербахче и дека парите на „Гаспром“ ги оставиле без чест и совест.
„Руските гранати убиваат Украинци секој ден, целиот цивилизиран свет е против тоа, а вашиот клуб прифаќа покана од Русија и спонзорира тероризам. УЕФА и ФИФА ги исфрлија Русите од меѓународните натпреварувања, а вие одите кај нив за пари и играте со агресор.
Ништо не може да го оправда овој чекор, ниту една сума пари не може да го надомести срамното однесување и патување на убијците без морални и човечки квалитети. Не се плашиме да му кажеме на целиот свет дека им помагате на убијците да ја продолжат својата крвава кампања на украинска територија. Си поигрувате со нив и го оправдувате најголемото злосторство на 21 век, срам да ви е“, стои во соопштението на Динамо Киев.
„Пари Премиер купот“ се одржува од 9. до 15. јули во Санкт Петербург, Русија. Прв противник на Фенербахче ќе биде домашниот Зенит.
Коли фанати у Стамбулі скандували назву країни-вбивці та приходили на матч проти «Динамо» у масках головного садиста Європи – ваш клуб мовчав.
— FC Dynamo Kyiv (@DynamoKyiv) July 8, 2023
Тепер зрозуміло, чому.
Звернення до @Fenerbahce 👉 https://t.co/mvku7Uj5aW pic.twitter.com/NMxeSg0cm7

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
