Connect with us

Дин Хујсен веќе потпишал петгодишен договор со Реал Мадрид

Централниот дефанзивец на Борнмут, Дин Хујсен, и официјално е нов фудбалер на Реал Мадрид, откако двата клуба ја финализираа трансфер зделката, пренесуваат шпанските медиуми.

„Кралскиот клуб“ ќе плати 50 милиони фунти на англискиот премиерлигаш за 20-годишниот шпански стопер, кој потпиша петгодишен договор со „кралевите“, со важност до јуни 2030 година.

Медицинските прегледи веќе се завршени успешно во петокот во Лондон, по што следеше потпишувањето на договорот. Сите формалности се завршени, и Хујсен сега и официјално е член на шпанскиот гигант.

Се очекува Хујсен да им биде на располагање на Карло Анчелоти и Реал уште од Светското клупско првенство кое започнува во јуни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови