Connect with us

Димитровски: Сакаме победничката низа да продолжи и против Силекс

Работнички утре гостува во Кратово и ќе ги одмери силите со Силекс. Атмосферата е сега далеку подобра по трумфите над Шкупи и над Ренова на гости. „Романтичарите сакаат победничката низа да продолжи и во Кратово.

Дефанзивецот Владимир Димитровски верува дека тимот може да оствари нов успех и на утрешниот натпревар (16 часот) од 29.коло. 

„Атмосферата е многу подобра, сите сакаме победничката низа да продолжи и во Кратово. По добрите настапи против Шкупи и против Ренова, го знаеме рецептот за успех. Ќе се потрудиме да го повториме и во Кратово. Нема да биде лесно, Силекс е квалитетен тим, а потребни му се бодови затоа што се наоѓа во опасната зона на табелата. Но, и ние сакаме три бода и се надеваме дека можеме да оствариме излез на европска сцена“, вели Владимир Димитровски за официјалниот сајт на клубот.

Мечот меѓу Силекс и Работнички ќе се одигра утре, со почеток во 16 часот во Кратово, а ќе го суди Димитар Мечкаровски.    

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови