Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година оствари одличен резултат совладувајќи ја Полска со 1-2 на пријателскиот натпревар во Радом. Избраниците на селекторот Драган Кантларовски одиграа квалитетен меч и стигнаа до триумф кој потврдува дека сепак имаат поголем квалитет од резултатите што ги остварија во овој квалификациски циклус.
Иако се работи за пријателски меч, Полска е сепак во класата на мошне квалитетни селекции, а Македонија успеа да стигне до победа.
Марио Илиевски го отвори резултатот во 44.минута откако реагираше најдобро во шеснаесетникот на домаќинот.
На почетокот на второто полувреме Лука Станковски зголеми на 0-2 во 47.минута од дуелот.
Полјаците намалија преку Карол Бориш во 84.минута, но Македонија успеа да ја сочува предноста и славеше триумф.
Македонија У21 за четири дена ќе одигра пријателски натпревар и против селекцијата на БиХ во Коњич.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













