Connect with us

Димитриевски: Не е важно колку пати ќе паднеш, туку колку пати ќе се исправиш!

МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Амстердам,

Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија ги загуби првите два натпревари на Европското првенство против Австрија (3-1) и против Украина (2-1). Имаше осцилации во играта, не успеа на ниеден од двата меча да одигра добро во континуитет 90 минути. Можеби единствен кој беше одличен и на двата натпревари е голманот Столе Димитриевски.

Тој брани одлично на шампионатот, посебно импресивен беше против Украинците кога го одбрани и ударот од белата точка на Малиновски.

Столе Димитриевски и со важна порака по преселбата на националниот тим од Букурешт во Амстердам.

„Не е важно колку пати ќе паднеш, туку колку пати ќе се исправиш“, порача голманот на националниот тим.

Македонија на 21 јуни го игра последниот натпревар од групната фаза на ЕП, против фаворитот Холандија на „Јохан Кројф арена“ во Амстердам.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови