Connect with us

Диего Коста на пробен период во Вулверхемптон

Поранешниот напаѓач на Челси, Диего Коста, би можел да се врати во Премиер – лигата и покрај тоа што не игра активен фудбал од јануари кога го напушти својот последен клуб Атлетико Минеиро.


33-годишниот напаѓач е поканет на пробен период од раководството на Вулверхемптон. „Волците“ имаат сериозни проблеми на напаѓачките позиции по повредите на Саша Калајџиќ и Раул Хименез.

Калајџиќ му се приклучи на Волвс од Штутгарт за 15 милиони евра, но ја имаше несреќата да заработи сериозна повреда на своето деби во Премиер – лигата.

Се очекува Диего Коста да мине пробен период во кој треба да докаже дека е во добра состојба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови