Connect with us

Диего Коста доби работна дозвола, потпишува за Вулверхемптон

Диего Коста е на чекор до враќање во Премиер – лигата откако доби работна дозвола д британските власти. Сега му останува само да ги мине медицинските прегледи и да потпише договор со Вулверхемптон.


Диего Коста во дресот на Челси, за кој настапуваше од 2014 до 2017 година, има две шампионски титули.

Тој треба да потпише едногодишен договор со Вулверхемптон и да помогне тимот да ја надмине голгетерската криза поради повредите на Саша Калајџиќ и на Раул Хименез.

Проблем за искусниот голгетер ќе биде долгото отсуство од теренот. Имено, 33-годишниот фудбалер е без клуб од 7 јануари кога му истече договорот со бразилскиот Атлетико Минеиро.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови