
Јувентус ја пречекува Рома на „Алијанц стадионот“ во Торино во дербито на третото коло во италијанската Серија А. „Бјанконерите“ не ја започнаа сезоната на најубедлив можен начин и веќе има негодувања меѓу навивачите. Јуве го доби првиот натпревар сезонава со 3-0 против Сасуоло, но освои само бод на гостувањето кај Сампдорија со неубедлива игра.
„Старата дама“ имаше квлитетен преоден рок, ги доведе Анхел Ди Марија, Пол Погба, Бремер и Милик, но првите двајца нема да бидат достапни за вечерашниот натпревар против гигантот Рома. Во аут е и долгорочно повредениот Федерико Киеза.
Добрата вест за менаџерот Масимилијано Алегри е што Филип Костиќ е во добра кондиција, најверојатно почнувајќи од првата минута на левата крилна позиција.
Најинтересната референца за денешната средба и таборот на „џалоросите“ е несомнено враќањето на Пауло Дибала во Торино. Аргентинецот помина 7 години во Јуве во кои освои голем број трофеи, а сега ќе се соочи со многу поранешни соиграчи.
И покрај добриот старт, „волчицата“ не е во најдобро расположение поради повредите на Николо Заниоло и Џини Вајналдум. Италијанецот ќе отсуствува околу еден месец, додека повредата на Холанѓанецот е многу посериозна и најверојатно нема да игра до крајот на оваа календарска година.
Минатата година Јувентус во Торино победи со минимални 1-0, а реваншот на „Олимпико“ беше кандидат за натпревар на сезоната и заврши со резултат 3-4 во корист на „црно-белите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
