Connect with us

Дибала потпиша за Рома: Привилегија е да се работи со Жозе Мурињо

Рома и официјално го објави трансферот на напаѓачот Пауло Дибала, кој пристигнува како слободен играч и потпиша тригодишен договор. Тој ќе заработива годишна плата во износ од 4,5 милиони евра, на кои има дополнителни 1,5 милиони во вид на бонуси.


Дибала ќе го носи дресот со број „21“.

„Деновите пред потпишувањето на овој договор беа исполнети со толку многу емоции. Брзината и одлучноста со кои Рома покажа колку ме сака, ја направи целата разлика. Се приклучувам на тим кој е во подем, како и на клуб кој продолжува да поставува силни темели за иднината, а исто така и тренер, Жозе Мурињо, со кој ќе биде привилегија да се работи. Како противник отсекогаш сум се восхитувал на атмосферата што ја создаваат навивачите на Рома. Сега едвај ја чекам можноста да играм за нив во овој дрес“, изјави Дибала за клупската веб-страница.

Дибала е четвртото ново засилување на „волчивата“ оваа сезона по Немања Матиќ, голманот Миле Свилар и дефанзивецот Мехмет Зеки Челик. Римскиот клуб за него се избори со конкуренцијата на Интер и на Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови