Аргентинскиот ас Пауло Дибала одбрал каде ќе ја продолжи кариерата. Иако нема да настапува во Лигата на шампионите следната сезона, тој е подготвен да ја прифати понудата на Рома и да соработува со Жозе Мурињо.
Италијанските медиуми тврдат дека Дибала веќе се договорил со римскиот клуб за плата од 6 милиони евра. Сепак, за да се реализира таа зделка ќе мора да почека Рома да направи место во буџетот. Се очекува продажбата на еден од играчите, тоа најверојатно ќе биде Николо Заниоло, па дури потоа и доаѓање на Дибала во Рим.
Дибала претходно им беше понуден на Барселона, Интер и на Милан, но преговорите одеа многу тешко.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













