
Францускиот првак Пари Сен Жермен го избра Џулијан Нагелсман за наследник на Кристоф Галтие, тврди „Л’Екип“. Преговорите се веќе отпочнати и катарските сопственици очекуваат многу брзо да го комплетираат договорот со младиот стратег кој беше на клупата на Баерн Минхен.
Негова десна рака треба да биде Тиери Анри.

Во наредниот период треба да се одредат деталите и тие да ги преземат функциите.
Пари Сен Жермен досега има договорено две нови имиња, Милан Шкриниар од Интер и Марко Асенсио од Реал Мадрид.
Како што е веќе познато, од клубот заминуваат Лионел Меси и Серхио Рамос, а можеби и Бразилецот Нејмар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
