
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед го потпиша напаѓачот на Болоња и Холандија, Џошуа Зиркзе, во зделка вредна 36,54 милиони фунти.
23-годишниот играч потпиша петгодишен договор на „Олд Трафорд“, со можност за дополнителни 12 месеци.
Договорот на Зиркзе со Болоња вклучуваше откупна клаузула од 40 милиони евра (33,6 милиони фунти), но Манчестер Јунајтед се одлучи да се согласи на малку зголемена цена за да ја плати сумата во период од три години, што помага во правилата за профит и одржливост.
Зиркзе е првото засилување откако Сер Џим Ратклиф стана ко-сопственик со купување на 27,7% удел во клубот во декември минатата година.
Ready to make his mark 🔥
— Manchester United (@ManUtd) July 14, 2024
Joshua Zirkzee: welcome to Manchester United ❤️#MUFC
Тој постигна 12 гола во 37 настапи минатата сезона додека тимот на Болоња обезбеди изненадувачко место во Лигата на шампионите оваа сезона.
Зиркзе се приклучи на Баерн Минхен од Феенорд во 2017 година, пред да се пресели во Болоња за околу 7,15 милиони фунти пет години подоцна.
Тој беше вклучен во селекцијата на Роналд Куман за ЕВРО 2024, но одигра само два натпревари како замена за Холандија, која загуби од Англија во полуфиналето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
