Поранешниот англиски репрезентативен голман Џо Харт би можел да ја продолжи кариерата во шкотски Селтик. Тотенхем го донесе Пјерлуиџи Голини, а Хуго Лорис е сè уште капитен и број еден во тимот, па јасно е дека нема да има место за Харт.
Трансферот во Селтик би бил пријатно освежување за искусниот голман, бидејќи тој би станал дел од тим кој се бори за трофеи.
Харт поголемиот дел од својата кариера го помина во Манчестер Сити, а потоа замина на позајмица во Торино и во Вест Хем, пред да биде купен од Барнли. Тој пристигна во Тотенхем на барање на Жозе Мурињо, за да биде втор голман, но Нуно Еспирито Санто има други планови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













