
Реал Мадрид ја декласира Џирона со 4-0 на „Сантијаго Бернабеу“ и создаде пет бода предност на врвот на табелата во Ла Лига пред каталонската сензација. Сепак, Џирона доби лекција од составот на Карло Анчелоти дека сѐ уште не е дорасната да се трка со „кралевите“ за шампионската титула.
Винисиус Жуниор во шестата минута обезбеди предност за Реал Мадрид, а во 35.минута му асистираше на Џуд Белингам за удвојување на водството.
Во вториот дел, Белингам постигна втор гол и зголеми на 3-0 во 54.минута, а Родриго седум минути подоцна се погрижи за дебакл за Џирона.
Хоселу во 90.минута не реализира пенал кој го изнуди младиот турски фудбалер Арда Ѓулер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
