Connect with us

Џерод Боувен му донесе на Вест Хем трофеј во Конференциската лига на УЕФА (ВИДЕО)

Вест Хем е освојувач на трофејот во Конференциската лига на УЕФА откако вечерва во Прага го победи италијанскиот претставник Фиорентина со 2-1. Победничкиот гол го постигна Џерод Боувен во 90.минута, на асистенција на Лукас Пакета.

Англискиот тим успеа да искористи невнимание во одбраната на Фиорентина во финишот на мечот и стигна до големиот триумф. Следната сезона ќе игра и во Лигата на Европа.

Вест Хем поведе со голот на Саид Бенрама од пенал во 62.минута од мечот. Сепак, само пет минути одговори Фиорентина преку Џакомо Бонавентура и успеа да израмни.

Во завршницата, блесна Џерод Боувен, излезе сам пред противничкиот голман и усшеа да ја затресе мрежата на Фиорентина во 90.минута од натпреварот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови