Connect with us

Џердан Шаќири се врати во Базел

Швајцарскиот фудбалер Џердан Шаќири се врати во својот матичен клуб Базел по 12 години, соопшти денеска клубот.

Базел на својата веб-страница објави дека со Шаќири (32), кој доаѓа како слободен играч по раскинувањето на договорот со Чикаго Фајер, потпиша договор на три години.

Швајцарецот, кој е роден во Гњилане на Косово, изјави за клупската веб-страница дека е горд и многу среќен што се вратил во клубот каде што ја започнал својата кариера.

„Имам длабока врска со овој клуб и овој регион уште од кога бев дете. Како навивач и, секако, како играч… Сега повторно сакам да напаѓам со Базел и едвај чекам да ги видам навивачите на Јакоб Парк“, изјави Шаќири, кој го доби дресот со број „10“.

За првиот тим на Базел, Шаќири настапуваше од 2009 до 2012 година и во тој период постигна 23 гола на 130 натпревари.

Во текот на својата кариера, тој играше и за Баерн Минхен, Интер, Стоук, Ливерпул, Лион, а последните две сезони ги помина во САД, каде играше за Чикаго Фаер.

За репрезентацијата на Швајцарија одигра 125 натпревари и постигна 32 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови