Connect with us

Џерард ќе биде нов менаџер на Астон Вила, Глазгов Ренџерс добива 3 милиони фунти отштета

Легендарниот англиски репрезентативец Стивен Џерард се враќа на голема врата во Премиер – лигата, но овојпат како менаџер. Тој ќе ја преземе клупата на Астон Вила откако двата клуба ја договорија и отштетата за негов трансфер од Глазгов Ренџерс. Премиерлигашот ќе плати 3 милиони фунти.

Клубот од Бирмингем се одлучи за тренерска смена по пет последовни порази во Премиер – лигата, а Стивен Џерард беше прва желба на раководството на Астон Вила. Тој одлично го предводеше Глазгов Ренџерс и сега доби шанса за камбек во англиското елитно друштво.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови