Connect with us

Џерард ја презеде тренерската функција во Астон Вила

Стивен Џерард е нов менаџер на Астон Вила. Тој потпиша договорот на 2,5 години, а финансиските детали не беа прецизирани. Сепак, беше објавено дека Џерард ќе стане најплатениот тренер во историјата на Астон вила.

Легендата на англискиот фудбал од 2017 до 2018 година тренерот работеше со У19 тимот на Ливерпул, а потоа го презеде Ренџерс и стана шампион на Шкотска за сезоната 2020/21.

По 11 кола во Премиер – лигата, Астон вила се наоѓа на 16. место на табелата со десет бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови