Шкотскиот гигант Селтик се раздели со тренерот Нил Ленон. Тој минатата сезона му донесе тројна круна на клубот, но оваа Селтик има заостанување од огромни 18 бода во однос на лидерот Глазгов Ренџерс. По доаѓањето на легендарниот Стивен Џерард на клупата на Глазгов Ренџерс, работите значително се променија во шкотскиот фудбал. Сега „синиот“ дел од Глазгов е доминантен.
„Неизмерно сме му благодарни на Нил Ленон за се што направи за Селтик. Тој секогаш ќе биде добредојден во нашиот клуб. Знаеме колку голем труд вложи во Селтик и му посакуваме се најдобро во кариерата и во животот“, објави Селтик.
Најсериозен кандидат за клупата на Селтик е Рафаел Бенитез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













