Connect with us

Џерард ги сака Хендерсон и Обамејанг за нови соиграчи на Дарко Велковски

Стивен Џерард стана нов тренер на Ал Етифак и сега тргнува во ангажман на нови ѕвезди од Премиер – лигата кои треба да му станат соиграчи на Дарко Велковски.


Џерард сака да го земе актуелниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон, во својот нов клуб. Покрај него, во плановите на Џерард е и Пјер-Емерик Обамејанг.

Хендерсон (33) е под договор со Ливерпул уште две сезони, но ремонтот на средниот ред на „црвените“ ова лето може да се покаже како фактор во корст на Џерард. Јирген Клоп веќе ги ангажираше Алексис Мекалистер и Доминик Шобошлаи.

Џерард сака во Ал-Етифак да го доведе и Пјер-Емерик Обамејанг, кој е под договор со Челси на уште една сезона, но сигурно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ ова лето. Во плановите на поранешниот менаџер на Астон Вила е и Фелипе Кутињо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови