Горан Пандев е подготвен да ја продолжи кариерата за уште една година, откако доби понуда за такво нешто од управата на Џенова. Челниците на клубот се презадоволни од Македонецот, па по неговите одлични партии со кои беше од огромна помош во борбата за опстанок Џенова сака да го задржи Пандев во својот играчки состав и за сезоната 2020/2021.
Пандев веќе најави дека сезонава ќе биде последна во неговата професионална кариера, но плановите се сменија откако поради коронавирусот беше одложено европското првенство, кое со новиот развој на настаните ќе се одржи следното лето. Нашиот голгетер не крие дека сон му е да ја предводи Македонија на едно големо натпреварување пред да му каже збогум на фудбалот, па по одлагањето на ЕВРО 2021 тој е подготвен да игра уште една година.
Нашиот интернационалец досега настапи на 22 средби за Џенова сезонава, постигнувајќи седум погодоци, со што е најдобар стрелец на својот тим.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski