Connect with us

Џенова го објави ангажманот на Марио Балотели

Италијанскиот калчолигаш Џенова официјално го објави ангажирањето на Марио Балотели како слободен агент. Договорот на напаѓачот е само до крајот на сезоната.

Со ова, 34-годишниот играч се враќа во Серија А, каде што претходно играше за Интер, Милан и Бреша. Во италијанската лига Балотели има вкупно 141 натпревар со 52 гола и 18 асистенции. Покрај тоа, тој има настапувано и за Лумецане, Манчестер Сити, Ливерпул, Ница, Адана Демирспор и за Сион.


Овој контроверзен фудбалер е исто така поранешен репрезентативец на Италија, за која одигра 36 натпревари со 14 голови и 5 асистенции.

Балотели се приклучува на Џенова со цел да му помогне на тимот да ги надмине своите проблеми во нападот и да се спаси од испаѓање. По првите девет кола од првенството, „грифоните“ имаат втор најслаб напад со само седум постигнати голови и се наоѓаат на 18. позиција на табелата со шест бода, по една победа, три нерешени натпревари и пет порази.


Поради серијата повреди кај играчите на тимот од почетокот на сезоната, Џенова одлучи да го доведе искусниот напаѓач.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови