
Џенгис Реџепи, асистентот на Игор Ангеловски во стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација, се раздели со косовскиот тим Лапи. Се работи за второпласираниот состав во косовскиот шампионат, а раководството на клубот се обиде на непријатен начин да побара разделба со Реџепи.
Челниците на Лапи пристигнале во Скопје и побарале од Џенгис Реџепи да објави дека се работи за спогодбен раскин на договорот, наводно поради слабите резултати на тимот во изминатиот период. Но, тоа асистентот во стручниот штаб на националниот тим го одбил. Сепак, соработката е прекината, а Џенгис Реџепи има финансиски побарувања од досегашниот клуб.
Лапи се наоѓа на второто место во првенството на Косово и заостанува седум бода зад Фероникели, на десет кола до крајот на шампионатот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора

Евро-фудбал
Мбапе ја објасни разликата меѓу Реал и ПСЖ
