Connect with us

Џенаро Гатузо ќе седне на клупата на Олимпик Марсеј?

Џенаро Гатузо ќе биде новиот тренер на Олимпик Марсеј. 45-годишниот италијански стратег ќе го замени Марселино.


Двете страни се во напредни преговори и речиси постигнале договор, истакнуваат француските медиуми.


Гатузо ја прифатил понудата на францускиот клуб, а договорот се очекува да биде потпишан во наредните два дена. Италијанецот денеска треба да отпатува за Марсеј.


Џенаро Гатузо последен пат беше на чело на Валенсија. Претходно ги водеше Милан и Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови