Репрезентацијата на Босна и Херцеговина доживеа дебакл во Зеница во квалификациите за Европското првенство. Португалија ги демолираше со 0-5.
По мечот, капитенот и најголемата ѕвезда на БиХ, искусниот Един Џеко, без влакна на јазикот го коментираше дебаклот на својата селекција.
„Дојдовме во таква ситуација што ни требаше победа против противник како Португалија. Натпреварот против Лихтенштајн нѐ измами. Кога ќе примите гол во третата минута, нозете сами почнуваат да ви се тресат. Премногу лесно примивме голови поради индивидуални грешки. Веќе не можеме вака. Како почна, може да се каже дека и добро се заврши. Овој натпревар може да му помогне на селекторот да види што и како во иднина. Не е добро да се игра отворено против вакви екипи, кога „едноставно ние зависиме од нивната игра“, призна Џеко.
„Никогаш не е лесно кога губиш. Единствениот начин што ни преостанува е плеј-офот. Во следните натпревари треба да видиме на кого можеме да сметаме. Претпоставувам дека во плејофот сите ќе бидеме комплетни и ќе се обидеме да се пласираме на ЕВРО 2024“, додаде Џеко.
На 16 ноември БиХ му гостува на Луксембург, а три дена подоцна ќе ја пречека Словачка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)













