Connect with us

Џеко потпишува договор со Фенербахче

Босанскиот интернационалец Един Џеко заминува од Интер и потпишува договор со Фенербахче. Тој доаѓа како слободен играч, а ќе стави потпис на верност за две години.


„Светски познатиот напаѓач Един Џеко ќе дојде во Истанбул да ги мине лекарските прегледи, по што ќе следи потпис на договорот и презентација пред навивачите“, објави Фенербахче.

Џеко изминатите осум сезони ги мина во Италија. Шест години настапуваше за Рома, а последните две беше член на Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови