Connect with us

Џеко го напушта Интер, а би можел во Јувентус или во Реал Мадрид?

Един Џеко летово би можел да го напушти Интер иако мина само една сезона на „Џузепе Меаца“. „Нероаѕурите“ сакаат да донесат неколку засилувања во нападот, а пред се тоа се однесува на Пауло Дибала и Ромелу Лукаку.


Доколку Дибала и Лукаку дојдат во Интер, јасно е дека Симоне Инзаги ќе мора да прецрта еден од напаѓачите. Наводно, изборот би можел да падне на Џеко, а претходно беа отпишани и Алексис Санчез и Фелипе Каиседо.

Сепак, медиумите на Апенините тврдат дека во тој случај на Џеко нема да му биде проблем да си најде нов клуб. Јувентус будно ја следи ситуацијата и ќе се обиде да го доведе бидејќи во него гледа одлична опција да игра во тандем со Душан Влаховиќ.

Но, и медиумите во Шпанија отидоа чекор понатаму. „Марка“ го споменува Џеко како потенцијално засилување на Реал Мадрид. Тврди дека не би било изненадување Џеко да дојде во Реал Мадрид иако е на залезот на кариерата. Карло Анчелоти сака достојна замена за Карим Бензема и соодветно засилување во нападот откако не успеа да го доведе Килијан Мбапе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови