
Босанскиот интернационалец Един Џеко својата кариера ќе ја продолжи во Интер. Италијанците тврдат дека се договорени сите детали и дека поранешниот напаѓач на Рома денеска ќе ги заврши медицинските прегледи, по што ќе потпише договор со „нероаѕурите“.
Џеко со италијанскиот шампион ќе потпише двегодишен договор вреден 5,5 милиони евра, а „волчицата“ ќе добие околу 2 милиони евра како обештетување.
Босанецот ќе го облече дресот со број „9“, кој се ослободува со заминувањето на Белгиецот Ромелу Лукаку во Челси за 115 милиони евра.
Џеко во кариерата играше за Желeзничар, Теплице, Волфсбург и за Манчестер Сити, а во моментов се наоѓа на третото место на најдобрите стрелци на Рома на сите времиња со 119 голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
